Одиграно второто коло на Мундобаскетот

На Светскиот куп во кошарка што се одржува во Шпанија синоќа беа одиграни последните натпревари од групите од 2.коло. По првите две кола седум репрезентации имаат по две победи (Шпанија, Бразил, Хрватска, Грција, САД, Словенија и Литванија), а истотолку имаат по два пораза (Египет, Иран, Порторико, Филипини, Нов Зеланд, Мексико и Јужна Кореја).

Скор од една победа и еден пораз имаат: Србија, Франција, Аргентина, Сенегал, Доминиканска република, Украина, Турција, Финска, Австралија и Ангола.

Резултати и табели:

А група:

Србија - Франција 73:74
Бразил – Иран 79:50
Шпанија - Египет 91:54
Табела: Шпанија 2-0 (победи-порази), Бразил 2-0, Србија 1-1, Франција 1-1, Египет 0-2, Иран 0-2.

Б група:

Аргентина - Хрватска 85:90
Сенегал - Порторико 82:75
Филипини - Грција 70:82
Табела: Грција 2-0, Хрватска 2-0, Аргентина 1-1, Сенегал 1-1, Филипини 0-2, Порторико 0-2.

Група Ц:

Доминиканската Република - Нов Зеланд 76:63
Финска - Украина 81:76
Турција – САД 77:98
Табела: САД 2-0, Украина 1-1, Доминиканска р. 1-1, Турција 1-1, Финска 1-1, Нов Зеланд 0-2.

Д група:

Јужна Кореа – Австралија 55:89 
Словенија - Мексико 89:68
Литванија – Ангола 75:62
Табела: Словенија 2-0, Литванија 2-0, Австралија 1-1, Ангола 1-1, Мексико 0-2 и Ј.Кореа 0-2.

Денеска на шампионатот се играат натпреварите од 3.коло, а двојките се: Иран – Србија, Франција – Египет, Шпанија – Бразил (А група), Хрватска – Сенегал, Аргентина – Филипини и Порторико – Грција (Б група).

Во групите Ц и Д е слободен ден.

01.09.2014 - 09:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега