Над 500 првачиња се запишаа во новата учебна година во Струга

Новата учебна 2014/2015 година во Струга и Струшко ја почнаа 583 првачиња во 11 основни училишта.

Раководителот на Секторот за образование во општина Струга Сурија Рашити информира дека оваа учебна година во општината има 5.810 основци од прво до деветто одделение и 2.703 средношколци во двете средни училишта.

- Во однос на првооделенците има благо намалување од минатата година кога беа запишани 609 првачиња, но бројката од 583 не е конечна. Очекуваме уште неколку дечиња, кои од разни причини не биле запишани во предвидениот законски рок тоа да го направат денеска, изјави Рашити.  
 
Тој посочи дека се преземени сите потребни мерки за успешен старт на учебната година.

- Направена е дезинфекција на училиштата и преземени се сите хигиенски мерки и покрај финансиските проблеми со кои се соочуваат. Тука се наследените долгови за неплатени сметки за струја, транспорт и греење, за кои правиме напори да ги исчистиме, рече Рашити.

01.09.2014 - 11:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега