Каракамишева: Не можете со монтирани случаи да дојдете до победа

Улогата и значењето на сведокот во постапката е голема без разлика дали е кривична или граѓанска.

Ова го истакна професорката Тања Каракамишева во вестите на Канал 5 и додаде дека не е случајно што еден од првите докази во кривичната и во граѓанската постапка  по однос на хиерархијата и јачината на доказите е сведокот.

-Недвосмислено силата на изјавата на сведокот е засилена и поради тоа што тој таа изјава ја дава под заклетва. Изјавата на сведокот Нини несомнено дава една нова светлина на она што до вчера претставуваше голема скандалозна и корупциска афера која што беше обелоденета од СДСМ, како и една нова светина за тоа како правните аргументи и силата на правото може да надвладее во однос на политиката и во однос на она што претсавува политичка манипулација и злоупотреба на позицијата политички лидер или член на политичка партија во правниот систем, објасни Каракамишева.

Сведоци сме, како што истакна таа дека во Македонија се повеќе се користи политичкиот простор за атакување на лидерот на ВМРО- ДПМНЕ и претседател на Владата, но и врз останати високи политички функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа се користи како политичка алатка за да се дојде до поен плус кај граѓаните и јас би рекла до што е можно побрзо симување на власта од страна на опзицијата на ваков начин. Мислам дека на граѓаните им е веќе јасно дека тоа не проаѓа, дека секоја афера и секој скандал, па дури и оној кој е стар 10 години, станува јасно зошто го обелоденуват во овој момнет и кој се изворите од каде што тие ги собираат податоците. Станува јасно дека веќе во политиката не може да се игра на картата- напад,  туку треба да се покаже нешто многу повеќе од тоа, додава професорката.

Кога се обелоденуваат некакви афери, истакна Каракамишева, сето тоа мора да има правна поткрепа.

-Не можете со монтирани случаи да дојдете до победа односно до високо посакуваните места во политиката. Ова дефинитивно остава уште еден негативе печат врз СДСМ со оглед на тоа што граѓаните и онака не им веруваат. Доколку им веруваа, ВМРО-ДПМНЕ немаше да освои над 200.000 гласа бидејќи аферата беше обелодената во периодот меѓу двата изборни круга, така што беше сосема јасно дека требаше да ја намалу довербата на граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ на Парламентарните избори. Но тоа не се случи, заклучи Каракамишева.

Сетоа ова, додаде таа ќе се одрази многу негативно на политичката кариера на Зоран Заев но и врз сите оние кои делуваат на ваков начин на политичко купување на довербата на граѓаните.

02.09.2014 - 15:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега