Повеќе улици ќе бидат без вода

Поради дефект на водоводна мрежа на ул.1а во село Студеничани, без водоснабдување ќе останат корисниците од истоименото населено место од 11 часот па се до санирање на дефектот.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради дефект на приклучна цевка на улица Пеју Јаворов бр.10, без водоснабдување ќе останат и дел од корисниците од улиците Пеју Јаворов, Пандо Кљашев, Каратрифун и Караџица од 11 часот па се до санирање на дефектот.

Поради изведување на водоводен прилкучок профил ф-80 милиметри на улица Крчин, без водоснабдување ќе останат корисниците од улиците Крчин, Милан Марковиќ, Пијанец и дел од Леринска од 12 часот па се до изведба на истиот.

Поради санирање на дефект на водоводна мрежа профил ф-80 милиметри, без водоснабдување ќе останат и корисниците од улиците 9-ти Мај, Христо Смирненски, Васил Стефановски, Петар Поп Арсов и 29-ти Ноември од 12:50 часот па се до санирање на дефектот.

02.09.2014 - 15:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега