Одбележани 73 години од смртта на Коле Неделковски

Во Општина Велес вчера на пригоден начин беше одбележан 2-ри септември, денот кога во 1941 година трагично го заврши својот живот младиот македонски поет и револуционер, Коле Неделковски.

По повод одбележувањето на 73-та годишнина од неговата смрт, во ССОУ „Коле Неделковски", училиштето што го носи неговото име, пред спомен обележјето на поетот беше положено свежо цвеќе, а ученици читаа стихови од објавените стихозбирки „Пеш по светот" и „М' лскавици".

Пригодно одбележување на настанот имаше и во спомен куќата на Коле Неделковски, во неговото родно село Војница.

Свежо цвеќе беше положено и на спомен обележјето во село Отиштино, на местото каде на 2 септември 1944 година е формирана Осмата велешка НОУ Бригада.

03.09.2014 - 11:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега