Стартува квизот „Се или нешто“ - Лила ги откри новите изненадувања

Новата сезона на квизот "Се или нешто" стартува од 15-ти месецов и тоа секој работен ден, односно од понеделник до петок во 18 часот на фреквенцијата на телевизија Сител. Она што е новитет во новото издание на овој ултрапопуларен квиз е тоа што годинава освен стандардните 22 кутии ќе има уште една бонус, 23-та, која ќе нуди неколку изненадувања, пишува Вечер.

Новата сезона на квизот "Се или нешто" стартува од 15-ти месецов и тоа секој работен ден, односно од понеделник до петок во 18 часот на фреквенцијата на телевизија Сител. Она што е новитет во новото издание на овој ултрапопуларен квиз е тоа што годинава освен стандардните 22 кутии ќе има уште една бонус, 23-та, која ќе нуди неколку изненадувања.

Лила Филиповска и годинава ќе биде водителката и заштитно лице на квизот, во кој натпреварувачите максимум ќе можат да се освојат еден милион денари, а досега, односно во претходните сезони на ниту еден не му појде од рака да му го испразни сефот на банкарот.

Атрактивната Лила вели дека "Се или нешто" е квиз кој кај нас ги урна сите рекорди на гледаност, а се надева дека ќе биде така и во новата четврта сезона.
"Се надевам дека и сезонава ќе ги урнеме сите рекорди кога е гледаноста во прашање. Првиот кастинг, на кој се пријавија околу 200 кандидати, заврши и за десетина дена ја почнуваме сезоната во која е планирано да има 180 емисии во кои натпреварувачите ќе си ја пробаат среќата. Се надевам дека некој ќе успеа да си отиде дома со милионот, највисоката сума која може да се ќари од банкарот", вели Лила за Вечер.

 

Годинава квизот ќе се снима во студио каде што има нова сценографија, освежена и дополнета со нови детали, а воведена е и кутијата плус во која ќе има изненадувања за натпреварувачите.
"Секој натпреварувач ќе има право да ја отвори 23-тата кутија и тој може да прифати или да одбие да ја отвори, а внатре во неа во неколку коверти ќе бидат напишани и распоредени различните опции. Оние натпреварувачи кои ќе одлучат да ја отворат новата кутија воведена од сезонава со влечење на еден од ковертите ќе имаат шанса да ја удвојат сумата, ќе можат да добијат плус уште 10.000 денари, да не добијат ништо, но и да изгубат", додава водителката.

03.09.2014 - 23:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега