Циклонот Симеон не заминува: Еве до кога ќе врне

Во Македонија во четврток во текот на денот ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици. Слаб јужен и југоисточен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 20°C до 30°C.

Во Скопје во четврток ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Максималната дневна температура до 27°C.

Во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и слаб ветер. Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во попладневните часови. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели слаб североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 19°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 18°C до 28°C.  

04.09.2014 - 11:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега