Еве какво време не очекува утре

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално врнежите ќе бидат и поизразени со интензивен пороен дожд, засилен ветер и силни електрични празнења.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи особено во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Слично време се очекува и во туристичките региони каде ќе има повремени врнежи од дожд со појава на грмежи особено во попладневните часови. Во охридско-преспанскиот регион температура ќе достигне до 22, а во дојранскиот до 26 степени.

Позначителна промена на времето не се очекува и во наредните денови.

04.09.2014 - 15:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега