Дебарчанец и праќал заканувачки СМС пораки на сопругата

46-годишниот Б.Ф. од Дебар заработи кривична пријава поради семејно насилство.

Дебарчанецот на улицата „Илинденска“ влегол во бутикот „Ерудит“ каде работела неговата 36-годишна сопруга А.Ф. и започнал вербална расправија со истата околу нивниот малолетен син.

Б.Ф. и упатил сериозни закани по животот на сопругата, а откако заминал продолжил да и упатува и СМС пораки со заканувачка содржина.