Македонските борачи ги загубија борбите на Светското првенство

Двајцата македонски борачи кои настапија денеска на Светското првенство во борење слободен стил ги загубија борбите.

Дејан Митров во категоријата до 65 килограми е поразен од Романецот Георге Букур со 3:1 на поени. Откако Букур загуби и во осминафиналето Митров ги загуби шансите за репасажот.

Јасин Реџалари во првото коло во катергоријата до 61 килограм беше слободен, а во осминафиналето загуби на поени со 4:1 од Владимир Дубов од Бугарија. Тој ќе го чека исходот на борбите на Дубов евентуално да се бори во репасажот.

Вчера во осминафиналето со една победа и еден пораз беше елиминиран и Бобан Данов во категоријата до 125 килограми.

09.09.2014 - 11:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега