Родригез прогласен за најсекси маж

23- годишниот Хамес Родригез, засилувањето на Реал Мадрид и еден од најдобрите играчи на изминатото СП е прогласен за најсекси маж од страна на шпанското издание на магазинот People.

 

Родригез воедно се најде на насловната страница на магазинот за кој сними фотосесија.

 

Дресовите на Родригез се продаваат во навистина голем број, а од неодамна тој може да се пофали и со ангажманот како модел. Имено тој ја лансираше колекцијата J10 James за Bronzini Black.

Фудбалерот е во брак со Даниела Оспина со која има 15 месечна ќерка.

09.09.2014 - 13:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега