Кит Ричардс сними соло албум после 22 години

Кит Ричардс потврди дека го завршил својот прв соло албум во изминативе 22 години. Меѓутоа, албумот најверојатно ќе биде објавен дури следниот јуни.

Албумот кој сеуште нема име, ќе биде првиот после "Main Offender".

70 - годишниот Ричардс изјави за Асошиејтед прес дека несака веднаш да го објави албумот, бидејќи Стоунси сега работат, па ќе го објави следната година.

Тој додаде дека на албумот работел две години заедно со продуцентот Стив Џордан, кој е добитник на Греми.

Ролинг Стоунс моментално се на турнеја, одбележувајќи 50 години постоење, а нивниот славен гитарист вели дека ужва и во тоа.

 

09.09.2014 - 16:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега