Жителите на Виница наскоро ќе немаат проблем со атмосферската канализација

Започнатиот прокет за изградба на атмосферска канализација кој општината Виница започна да го реализира од пред две години, деновиве финишира. Со ова атмосферската вода од централното градско подрачје ке биде опфатена со канализација.

-Со овој проект ке бидат опфатени водите на двата крака од улиците „Браќа Миладиновци“ и „Илинденска“. Работите се очекува целосно да бидат завршени за два месеци. Проектот за изградба на атмосферска канализација е во вредност од 17 милиони денари, средства што општината ги обезбеди од кредит од Светска банка, истакнува Емил Дончев градоначалник на општина Виница.

Проектот за изградба на атмосферска  канализација е дел од прокетот на општина Виница за прифаќање на водите и пороите во повеке делови на градот, за што општината обезбедува дополнителни финансиски средства за оваа намена од сопствениот буџет. 

10.09.2014 - 11:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега