U2 го претстави новиот албум кој е бесплатен на ајТјунс

Легендарниот ирски рок бенд U2 неочекувано, вчера, на посебната презентација Епл на новите ајФони, го претстави својот нов албум кој може бесплатно да се преземе на ајТјунс.

Славниот бенд одржа концерт во Купертин во Калифорнија на големиот настан на Епл, каде компанијата ги претстави двата нови модели на ајФон, паметен часовник и нов иновативен систем за мобилно плаќање.

U2 на сцената се најави со Songs of Innocence, нов албум со 11 песни, а извршниот директор на Епл Тим Кок рече дека станува збор за најголемата објава на алубум во историјата затоа што бесплатно ќе можат да го презема 500 милиони корисници на ајТјунс.

Новиот албум Songs of Innocence ќе добие и своја де лукс верзија за останатиот дел од светот на 13 октомври- дискографската куќа Интерскоуп Рекордс ќе ја објави официјалната верзија, на која ќе се најдат четири дополнителни песни.

Songs of Innocence е снимен во Даблин, Лондон, Њујорк и Лос Анџелес, а продукцијата е на Денџер Маус. 

10.09.2014 - 12:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега