ФОТО: Ќе се омажиш ли за мојот татко?- ова е најслаткото запросување што сте го виделе

Поди Келер на посебен начин ја запроси својата девојка, која му роди син. Лиза Кеог во петокот го имала најсреќниот ден во својот живот, кога на свет го донела нејзиниот син Конан Патрик.

Таа и нејзиното момче имале долга врска, а Поди веднаш по раѓањето на Конан и приредил вистинско изненадување.

Само неколку минути по раѓањето на нивниот син, тој му облекол боди на кое пишувало „Ќе е омажиш ли за тато?“

Лиза веднаш на Фејсбук ја споделила оваа фотографија, која стана вистински хит на социјалните мрежи.

Секако, одговорот на прашањето бил „да“.

10.09.2014 - 12:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега