Стилистката на Кајмакоски: Даниел е мојот манекен за сè!

Победникот на регионалното шоу Икс фактор Даниел Кајмакоси  за време на натпреварувањето благодаренe на стилистката Ивана Рабреновиќ изгледаше секогаш во тренд. Таа за него во интервју за модниот портал Fashionel вели дека го обожава и дека тој е нејзиниот манекен за сѐ!  Ивана Рабреновиќ  се погрижи и за стајлингот на нашиот евровизиски тим претставуван од Тијана Дапчевиќ, кои во Копенхаген беа прогласени за најдобро облечени претставници од сите земји учеснички.

- Јас самата го избрав Даниел, бидејќи сакав да се грижам за неговиот изглед. Ниту работев на Икс Фактор, ниту пак го следев, но штом го слушнав Даниел, бев обземена и од неговата појава, и од неговиот талент. Сакав да му помогнам на тоа момче, бидејќи реално, тој беше прекрасен. Остана таков и до ден денеска, и со него ништо не ми претставува проблем, бидејќи секогаш ме слуша и се надевам дека ме почитува (како што и јас него го почитувам). Тој изгледа навистина супер и сѐ му стои добро, тој едноставно е мој манекен за сѐ, вели Ивана во интервјуто

10.09.2014 - 16:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега