Малолетната ќерка на славниот пејач е трудна?

Странските медиуми наведуваат дека ќерката на покојниот крал на поп музиката Мајкл Џексон, Парис Џексон, е трудна. Иако нема службена потврда, изворите кои ја виделе на вечера во еден холивудски ресторан тврдат дека наздравувала со чаша вода и одбивала да се напие вино, пишува Дејли Стар.

Тука веднаш почнаа гласините за бременоста бидејќи се знае дека Парис го сака алкохолот.

Парис е во врска со непознат дечко, а избегнува да се појавува во јавноста уште откако проба да изврши самоубиство во 2013. година.

 

10.09.2014 - 16:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега