Почнаа подготовките за Танц со ѕвездите3: Велевска и Гавазова на листата

Многу од фановите на подиумот сакаат да го видат и кошаркарот Војдан Стојановски, но тоа е невозможно поради неговите професионални ангажмани, открива продуцентот на шоуто, Огнен Антов.

На самиот почеток од подготовките на третата сезона на шоуто Танцот со ѕвездите, веќе се дознаваат потенцијалните учесници. Едни од првите со кои се почнати преговорите се Елена Велевска и Сузана Гавазова, за кои наскоро се подготвува и официјална покана. Одлуката за атрактивни фолкерки дојде од продуцентот Огнен Антов, кој многу би сакал да ги види на подиумот во латино американски или стандардни танци.

 

Голем интерес кај гледачите владее за кошаркарот Војдан Стојановски, Кире Лазаров, Перо Антиќ, Горан Пандев…, а полни се и со предлози за други познати фаци кои би сакале да ги видат на подиумот. Некои барања се во фаза на разгледување, останатите едноставно не е возможно да се остварат. Минатата година и покрај преговорите со актерката Ана Стојановска, не се успеа во постигнувањето договор со неа, поради нејзините чести патувања. Истата ситуација е и со Владо Јаневски, но од продукцијата наведуваат дека ќе ги повторат преговорите со нив за новата сезона.

Најверојатно новата сезона ќе почне исто како и минатата на дочекот на Нова година, и телевизијата ќе остане иста, МТВ.

 

Извор: Вистина.мк

11.09.2014 - 10:07
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега