Дали Жерновски ги злоупотребува средствата на општина Центар?

Дали градоначалникот на општина Центар ги злоупотребува ресурсите на локалната самоуправа за партиски цели? Од канцеларијата за односи со јавност на општина Центар денеска испратија соопштение во кое се вели дека лидерот на ЛДП се сретнал со претставници на Министерството за надворешни работи на земјите од Бенелукс (Холандија, Белгија и Луксембург).

Според истото соопштение, делгацијата била придружувана од амбасадорите на Кралството Белгија во Р.Бугарија и со мандат за Македонија и амбасадорката на Холандија во земјава Мариет Шурман. 

„На средбата со градоначалникот Андреј Жерновски е разговарано за случувањата и состојбата на политички план во Република Македонија.“ - стои во соопштението и се додава дека гостите пројавиле интерес и за случувањат во општина Центар.

Останува нејасно, зошто Жерновски прима делегации во градоналничкиот кабинет на општина Центар со оглед на тоа што е повеќе од јасно дека посетата на странските претставници нема никаква врска со општина Центар, а Жерновски на неа присуствува како Претседател на ЛДП, што го потврдува и само соопштение во кое стои дека се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија.
Уште едно прашање на кое јавноста го очекува одговорот е и зошто за партиските активности на ЛДП се користи прес службата на Општина Центар која ја плаќаат сите граѓани. Дали неговата партија нема простории каде што би можела да прими делегации и нема доволно кадар за сопствена прес служба се прашања на кои Жерновски одговорот и го должи на јавноста. 

За разлика од ЛДП, социјалдемократите делегации на амбасадори и странски претставници примаат во својата партиска централа на Бихаќка и за нив не изветува прес службата на општина Струмица, туку онаа на социјалдемократскиот сојуз. 

11.09.2014 - 13:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега