Медиумите на Сорос со целосно ембарго на темата 92 милиони евра буџет

Веќе петти ден од обелоденувањето на податоците дека фондацијата Сорос потрошила цели 92 милиони евра од ’92 година до денес, а медиумите кои се финансирани токму од фондацијата Сорос со целосно ембарго на оваа тема необјавувајќи ниту една единствена информација.

Ниту извршниот директор на фондацијата кој вообичаено се произнесува за било која друга тема не излезе и да прокоментира за тоа како и каде се потрошиле овие 92 милиони евра. Тој ниту даде одговор на клучното прашање зошто нема некаков конкретен бенефит државата и дали ќе беше подобро тие пари во целост да се потрошија за проекти од капитално значење за државата и граѓаните како на пример градење на автопатишта, училишта, инвестиции во енергетските потенцијали, пишува Курир.

Индиректно со апсолутниот молк на оваа тема од страна на медиумите финансирани од Сорос се обвистинија и тврдењата дека нивната уредувачка политика ја диктитира токму фондацијата Сорос и нивниот извршен директор.

Порталите Плус инфо, Либертас, Бриф.мк, А1 он, Телма, Слободен печат, неделникот Фокус се медиуми кои добивале пари од оваа фондација. Тие темата 92 милиони евра ја игнорираа и се обидоа да ја стават под тепих.

Тоа е доказ повеќе дека и тие не може да го одбранат и објаснат фактот каде завршиле овие пари бидејќи од ова ќар самата држава и воопшто немала, но и отворање на сомнеж дека тие пари завршиле во приватни џебови и за поддршка на политиките на СДСМ.

Откривањето на оваа тема фрла уште една темна дамка и врз СДСМ кои решија и тие како и медиумите блиски до нив да ја игнорираат оваа тема. Останува тајна колку од овие огромни суми завршиле за активности во директна полза на СДСМ и дали се ова парите од кои се финансира нивната партиска каса.

Молкот од самата фондација се надополнува со уште еден чекор кој отвара сомнеж, имено по обелоденувањето на сумите, Сорос од својот сајт целосно го острани последниот извештај за фискалната 2013 година од кој инаку можеше да се види дека за таа година ќе потрошиле цели 5 200 000 евра, пишува Курир.

Од сто се плаши Сорос? Тие беа најгласните во борбата за демократија и транспаренто работење, а тие сега го прават токму спротивното. Молчат и ја игнорираат темата и кријат податоци. Дали Милчин ставил ембарго на темата со 92 милиони евра на медиумите кои ги финансира останува да се произнесат допрва. Но едно е сигурно, Сорос слично како и медиумите кои се финансирани се раководат според двојни стандарди.

14.09.2014 - 12:58


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега