Манифестација во Градскиот парк - Македонија го одбележува Светскиот ден на животната средина

Денеска во Градскиот парк ќе се одржи манифестација по повод 5 јуни, Светски ден на заштитата на животната средина. Свое обраќање на манифестацијата ќе имаат градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

Следејќи го светското мото, дадено од Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП), кое годинава е „Мисли – Јади –Заштитувај“, за одбележување на денот организирани се повеќе содржини со кои се става акцент на одржливото трошење на храната, намалување на отпадот од храна и и намалување на негативниот притисок врз животната средина.

Настанот е организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање и Градот Скопје, јавните претпријатија на градот, институциите, невладините организации, средните училишта и другите субјекти од областа, а со поддршка од УНДП. 

најчитано сега