Џорџ Клуни се закити со „Златен глобус“

Престижната награда „Сесил Б. ДеМил“ за придонес на кинематографијата оваа година заминува во рацете на оскаровецот, актер, режисер и продуцент, Џорџ Клуни, а ќе му биде врачена во јануари наредната година на церемонијата Златен глобус, јавија организаторите на церемонијата.

Наградата која се вика и почесен Златен глобус го носи името на пионерот на американската кинематографија на режисерот и продуцент Сесил Б Де Мил, со Оскар награден во 1952 година за филмот „Најголемата претстава во светот“.

Меѓу претходните добитници на оваа награда се и Вуди Ален, Џоди Фостер, Морган Фримен, Роберт де Ниро, Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг.

Џорџ Клуни со вереницата Амал Аламудин претстојува во Италија, каде неодамна во Фиренца исто така прими награда и ја најави венчавката во Венеција.

Клуни со Оскар е награден за споредна машка улога во филмот „Суријана“ и како продуцент на најдобар игран филм во 2013 година „Арго“. Освои три Златни глобуси. Оваа година како режисер го издава неговиот петти филм „The Monuments Men“. 

16.09.2014 - 15:07


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега