Еве кои делови од Скопје утре ќе останат без струја

Без електрична енергија утре во различни периоди од денот ќе бидат повеќе делови од Градот Скопје, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Во периодот од 06:00 до 08:00 без струја ќе бидат корисниците од Битпазар - Атлантик и Ресторан Јата, и два објекти кај полициска станица Битпазар, а од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците од село Горно Соње, општина Сопиште.

Без струја во периодот од 09:00 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Краишка“, „Натанаил Кучевишки“, „Кирил Манчев“ и „Ѓорѓи Костовски“ во општина Бутел, од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците од село Радуша улица 1, и дел од корисниците од село Грчец: улиците со броевите 1, 2, 3, 4, и 5 во општина сарај.

Во истиот период без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Кучевиште, село Побожје, викендици Побожје, село Бродец, село Малино Маало и село Брест, во општина Чучер Сандево и корисниците од улица Иван Хаџиниколов во населба Драчево, општина Кисела Вода. 

16.09.2014 - 18:03


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега