Мечка се капеше во базен во Калифорнија

Семејство од местото Сиера Мадре во Калифорнија било во шок, кога погледнале во својот базен, а во него виделе мечка.

Нештата да бидат поинтересни, посетителот го снимил сопственикот на куќата Томас Си.

Неповиканиот гостин пред да дојде во дворот бил забележан како шета по околината и претура по кантите за отпадоци. По се изгледа, во еден момент мечката сакала да се разлади, со оглед на тоа што во моментов температурите во Калифорнија достигнуваат и до 40 степени.

Мечката влегла во базенот, се капела 15 минути, по што излегла и продолжила натаму.

18.09.2014 - 09:17


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега