Нова мобилна апликација „Патувај зелено“

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, скопскиот градоначалник Коце Трајановски, постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон и деканот на ФИНКИ Димитар Трајанов денеска ќе ја промовираат иновативна мобилна апликација ПАТУВАЈ ЗЕЛЕНО/Скопје.

Апликацијата е резултат на заедничка соработка меѓу Програмата за развој на ОН (УНДП), Град Скопје, Министерство за животна средина и просторно планирање и ФИНКИ.

Апликацијата овозможува информации како секој може да патува по најбрзата, најефтината и најеколошката патека во Скопје до одбраната дестинација. 

19.09.2014 - 09:52


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега