УЈП удри во Тетово и Гостивар - 17 објекти добија клуч на врата

Поради неиздавање фискални сметки, Упраата за јавни прихдо стави клуч на вратите на 17 објекти во Тетово и Гостивар.

„Во рамки на контролите кои беа спроведени во вкупно 35 објекти во Тетово и Гостивар, Управата за јавни приходи констатираше 17 случаи на неиздавање на фискални сметки и 9 случаи каде субјектите воопшто не се регистрирани за даночни цели.

На субјектите кои не издавале фискални сметки им е изречена парична казна во висина од 3 250 евра во денарска противвредност и времена мерка затворање, додека пак субјектите кои не се регистрирани се упатени на едукација во Управата за јавни приходи и истите имаат обврска во рок од 5 дена да се регистрираат, во спротивно се соочуваат со парични казни и затворање.

Управата за јавни приходи продолжува со борбата против неплаќачите на данок и оние кои имаат намера да се стекнат со неправична и незаконска “предност” во однос на лојалната конкуренција.“ - стоиво соопштението од УЈП

најчитано сега