Освои 50 милиони долари бидејќи му го изеде сладоледот на вереникот

Дајана Бергерон од канадскиот град Ориља го изела сладоледот на нејзиниот вереник, поради што побрзала во најблиската продавница да купи нов.

Во текот на купувањето и „падна на ум“ да купи две ливчиња за лотарија, кои потоа испаднаа добитни. Освои 50 милиони долари.

- Инаку купувам лото ливчиња единствено кога е во прашање поголема џекпот сума, но од некоја причина тој ден купив две, рече Бергерон, пренесува „Хафингтон Пост“.

Нејзиниот вереник, Џеф Барет овој пат не се побунил затоа што го изела неговиот сладолед. Мајката на Дајана на радио слушнала дека добивката заминала во градот Ориља, па ја повикала ќерка и да ги провери своите ливчиња.

Дајана потоа видела дека едното ливче се совпаѓа со седумте среќни броеви, но не била сигурна па ги испрати броевите на вереникот. Откако утврдил дека освоиле огромна добивка го напуштил работното место и заминал во продавницата каде е купено ливчето.

Среќната двојка ќе се почести со патување на Хаваи, а потоа и со нов автомобил.

- Се уште не сме свесни, помалку сме збунети, рече Бергерон.

19.09.2014 - 13:53


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега