„Чаршијата и пријателите“- скопска локум-забава, вкусно сирење и вино

Чаршиски муабети, локум-забави, дегустирање сирења и вино, културни перформанси, бизнис средби, неформални контакти, дружење,... ќе понуди денешната манифестација „Чаршијата и пријателите“.

Истата е организирана од  Македонско-бугарската стопанска комора и Стопанската комора на северозападна Македонија со поддршка на Општина Чаир.

Идејата на бизнисмените е да ја промовираат иницијативата за правење македонски бренд од Старата скопска чаршија или, како што велат, Чаршијата да стане дел од регионалната алка на светската туристичка понуда.

- Во Чаршијата мора да се вратат старите семејни бизниси кои биле традиција и ја правеле препознатлива преку интензивно промовирање на економските вредности. Чаршијата не смее да остане локален предизвик, место кое само периодично ќе го буди интересот на граѓаните и туристите, е ставот на стопанствениците.

„Можен ли е Кебаб фест како мултимедијален и бизнис проект за чаршиите - мостови на Балканот и Европа?“ и „Како до 2015-та“?, се некои од темите на кои ќе дебатираат поканетите бизнисмени, градоначалници, амбасадри, јавни личности,.. и сите, како што е најавено, ќе зборуваат на мајчин јазик.

Настанот ќе се одвива на повеќе локации низ Чаршијата, а посетителите ќе може да „одат“ по стазите на Кебаб-сокакот, да јадат десетка со кромод во „Пчела“, да дебатираат на отворено,… За културно-уметничкиот дел се задолжени познати имиња од домашната естрада.

20.09.2014 - 10:13


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега