„ Рилски“ Спортист го освои турнирот во Куманово

На кошаркарскиот турнир „Куманово 2014“ победник е Буарската екипа Рилски Спортист, на кој настапија и домаќинот Куманово, шампионот МЗТ Скопје Аеродром и Фени Индустри од Кавадарци.

Рилски Спортист синоќа во финалниот натпревар го совлада Фени Индустри со 100:94.

 
Третото место му припадна на домашната екипа која минимално со 75:74 го порази МЗТ Скопје. 

За македонскиот шампион шампионот ова е трет пораз во последните пет дена. Претходно МЗТ загуби  од Кожув и во полуфиналето на турнирот од Рилски Спортист.

 

 

21.09.2014 - 12:15


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега