Гатузо збесна - ги навредуваше грчките новинари

Џенаро Гатузо легендарниот италијански фудбалер имаше доста контроверзна кариера која продолжи да го следи и во тренерските води.

 Гатузо го предводи грчкиот тим ОФИ од Крит кој успеа да слави победа викендов над силниот Атромитос и да се искачи во горниот дел од табелата.

Италијанецот има доста проблеми на, но и вон теренот, а медиумите започнаа шпекулации дека можно е да го напушти клубот. На одржаната прес-конференција по споменатиот меч, Гатузо ги нападна новинарите вербално и започна да зборува италијански и англиски, а не изостанаа и големиот број погрдни зборови.

21.09.2014 - 12:50


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега