Интер ремизира кај Палермо - Верона победи во Торино

Еден нерешен исход и една победа за гостите е епилогот на двата последни натпревара одиграни синоќа во рамките на 3.коло од Италијанското фудбалско првенство.

Интер на гостувањето кај Палермо одигра 1:1 и веќе по три рунди заостанува четири бодови зад водечките две екипи на табалета.

За разлика од „неро-азурите“ тимот на Верона ја забележа втората победа во новата сезона и изби на третата позиција.

Постигнати резултати во 3.коло од Серија А: Палермо – Интер 1:1, Торино – Верона 0:1, Киево – Парма 2:3, Џенова – Лацио 1:0, Рома – Каљари 2:0, Сасуоло – Сампдорија 0:0, Аталанта – Фиорентина 0:1, Удинезе – Наполи 1:0, Милан – Јувентус 0:1 и Чезена - Емполи 2:2.

Табела: Јувентус 9 бодови, Рома 9, Верона 7, Милан 6, Удинезе 6, Интер 5, Сампдорија 5,... 

22.09.2014 - 09:19


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега