ФОТО: Таа е дефинитивно најзгодната баба во светот

68- годишната Голди Хоун е дефинитивно најсекси баба која сте ја виделе до сега.

Оваа Оскаровка изгледа се помладо, а нејзиниот тен, коса и фигура се апсолутно беспрекорни. Сепак актерката е скромна и смета дека така изгледа благодарение на позитивниот дух и редовното вежбање.

 

Оваа горда баба на пет внучиња секогаш се труди да изгледа модерно, но со вкус. Иако се пензионираше од актерството, Голди дефинитивно не изгледа како пензионерка. Таа последната улога ја одигра во 2002 година во комедијата „The banger sisters“ заедно со Сузан Сарандан.

 

Овие денови, Голди максимално се посвети на својата добротворна организација „The Hawn foundation“.

 

 

Таа веќе 30 години е во среќна врска со актерот Курт Расел за кој никогаш не се омажи. Тие двајца го имаат синот Вајат (28), а Голди има две деца од бракот со Бил Хадсон, синот Оливер (37) и ќерката Кејт (35).

23.09.2014 - 10:29


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега