Добил џекпот и се спасил од затвор

Еден Германец избегнал затвор бидејќи добил "џекпот" на слот-машина.

Двајца полицајци при рутинска контрола во коцкарница во градот Бохум, западна Германија, открила лице за кое е издадена потерница.

Овој маж требал да плати казна од 710 евра или да помине 71 ден во затвор, бидејќи претходно се противел на апсење.

Откако полицајците го известиле лицето од потерницата дека ќе биде уапсено, апаратот почнал да испушта звуци за "џекпот" добивка од 1.000 евра. 

Среќниот добитник казната ја платил на самото место во кеш.

 

 

28.09.2014 - 15:06

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега