Барате работа - во Германија мака мачат да најдат келнери за плата од 1000 евра

Секоја година, моќната Германија сериозно се соочува со проблемот на недостаток на помошна сила. Ваквата причина се темели на тоа што секоја година, се помалку млади луѓе се запишуваат на тригодишните занатски училишта, па оттука рестораните мака мачат за пронаоѓање на помошен персонал. За нивна жал се помал број на млади се јавуваат на таквите огласи. Ова е одлична можност за младите во Македонија, ако се земе во предвид дека платите се двојно зголемени односно стигаат и до 960 евра.

Ова е само една од мерките кои мора да се воведат, затоа што секоја година рапидно се намалува бројката на млади во Германија, кои се пријавуваат за помошен персонал и на обуките кои ќе им овозможат напредување.

Ваквата ситуација се темели на силната германска економија, која бара нови работни места од една страна, но од друга е намален природниот прираст. 

Официјалната статистика на Германија покажува дека има 120.000 празни места за чираци, или 14.500 повеќе од минатата година, кога е забележан најголем раст на побарувачката за помошна работна сила во последно време.

29.09.2014 - 11:37

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега