Нов скок на Јотовски на АТП листата

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски продолжува да напредува на светската тениска листа. На најновата АТП ранг листата Јотовски направи скок од 15 места и со 57 поени се наоѓа на 564.место што е негов најдобар пласман во кариерата.

Напредок имаат и другите македонски тенисери. Димитар Грабул е на 664.место со 37 поени, а тој следната недела ќе напредува повторно со полуфиналето во Сокобања. 
Шендрит Деари се наоѓа на 1.237 место 6 поени, додека Стефан Мицов е на 1.294 место, а Дургути е на 1.310 место.

На врвот нема промени. Води Новак Ѓоковиќ, пред Рафаел Надал и Роџер Федерер. Во ТОП 5 се и Стан Вавринка и Давид Ферер.

29.09.2014 - 12:15

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега