Започна обложувањето за името на бебето на војвотката од Кембриџ

Три недели откако беше соопштено дека војвотката од Кембриџ повторно е бремена, некои обложувачи веќе се подготвени да ризикуваат и по илјада фунти погодувајќи како ќе се вика бебето.

Најголемиот број личности блиски на кралското семејство убедени се дека станува збор за девојче, кое ќе го носи името на починатата мајка на принцот Вилијам, Дајана.

Ендрју Мортон, кој ја пишувал биографијата на принцезата од Велс и кој ја откри вистината за нејзниот однос со кралството семејство, рече дека ќерката би можела да се вика Елизабет Дајана Виндзор.

- Блиски пријатели на Вилијам и Кејт ми рекоа дека доколку добијат девојче ќе се вика Дајана, истакна Мортон.

Мортон додаде дека многу припадници на краското семејство би можеле да бидат бесни ако бебето го добие името Дајана Елизабет, поради „непријателството“ меѓу мајката на Вилијам и семејството.

После тврдењето на Мортон, Елизабета стана фаворит во обложувалниците, а следат имињата Џејмс, Викторија и Александра.

29.09.2014 - 15:14

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега