Џенифер Лопез имаше сообраќајка

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез била дел од сообраќајна несреќа.Додека стоела на црвен семафор во калифорнискиот град Малибу, пијан маж удрил во нејзиниот нов автомобил.

Виновникот побегнал од местото на инцидентот. Властите сепак брзо го откриле и покренале обвинение за возење во пијана состојба.

„Стоевме на семафорите и одеднаш некој пијан идиот се тресна од позади во мојата нова кола. Фала му на Бога, никој од нас не е повреден”, напиша Џеј Ло на Инстаграм.

Пејачката не пропушти да го запечати моментот со селфи. Зад воланот на автомобилот седела пријателката, многумина велат и девојка на Лопез – актерката и моделка Лиа Реми. Внатре биле и двете деца на 45-годишната Лопез.

 

Виновникот е обвинет за возење во пијана состојба.

30.09.2014 - 12:27

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега