Раст на бројот на работници во индустријатa

Бројот на вработени во индустријата бележи раст. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во првите осум месеци бројот на работници бележи пораст од 7,4 проценти во однос на овој период лани, а само во август 2014 година во однос на август минатата година порастот изнесува 9,1 проценти.  

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари - август 2014 година, во однос на периодот јануари - август 2013 година, изнесува 107.4.

Бројот на работници бележи пораст од 11,1 процент во преработувачката индустрија, 1,3 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Опаѓање на бројот на работници од 3,1 отсто е забележано во секторот Рударство и вадење камен.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,9 отсто, Капитални производи за 104,7 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,9 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,7 проценти

30.09.2014 - 12:55

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега