Внимавајте - ќе летаат казни за возење без билет во автобусите на ЈСП

На секој патник што од утре ќе биде затекнат да користи јавен превоз во возилата на ЈСП Скопје без билет или со поседување на несоодветен билет од страна на овластениот контролор ќе му биде издаден дополнителен билет во износ од 1.000 денари, кој е должен да го плати, информира Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Во спротивно, велат оттаму, наплатата ќе биде реализирана со ангажирање на овластен извршител во износ од 50 евра.

Досега ЈСП Скопје наплаќаше по 300 денари доколку во нивните возила беше затекнат патник без билет. Од ЈСП Скопје појаснуваат дека зголемувањето на цената е согласно одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цените за превоз на патници со автобусите во градски и меѓуопштински (приградски) сообраќај во Град Скопје, донесена од Управниот одбор на ЈСП Скопје и потврдена од Советот на Град Скопје со која почнувајќи од 1 октомври годинава се утврдува нова цена на дополнителниот билет во износ од 1.000 денари.

30.09.2014 - 14:45

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега