Советот на Скопскиот плански регион ги разгледа тековните проекти

Реализацијата и текот на предвидените проекти се тема на денешната седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион.

Претседателот на Советот и градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски посочи дека со градоначалниците од регионот ќе направат сеопфатна анализа за тековното работење за 2014 година.

 Да видиме каква е реализацијата на предвидените проекти и што останува до крајот на тековната година целосно да се реализира. Мислењата и сугестиите на градоначалниците заедно со стручните служби ќе даде добар инпут за целосна реализација на годишната програма од Скопскиот плански регион за тековната 2014 година, изјави Митровски.

Битно прашање, според него, е изработката на програмата што ја прават за периодот 2015-2019 година, која треба да биде водилка во работењето на општините во наредниот период.

Ќе бидат разгледани и финансиските средства за рурален развој на општините и ќе дадеме сублимат за побрзо искористување на средствата од Светска банка за побрз развој на руралните средини од Скопскиот плански регион, динамиката и начинот на трошење, рече Митровски.

На седницата, како што информира, ќе бидат презентирани активностите за детската превенција и заштита за оголема инволвираност на локалните самоуправи.

30.09.2014 - 14:36

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега