Рики Мартин фатен во тесно: Тато ти ли ме донесе на овој свет!

Славниот латино  пејач Рики Мартин кој пред неколку години јавно се декларираше како хомосексуалец, гордиот татко на близнаците Матеја и Валентина, кои пред седум години ги доби со помош на сурогат мајка. Тој пред неколку дена гостуваше во една пшозната емисија и на прашањето на водителката, што најтешко до сега му паднало додека ги воспитувал своите деца., а тој одговори кога почнале децата да прашуваат како дошле на свет.

„Син ми ме прашуваше, тато ти ли ме донесе на свет, дали ти ме  носеше во стомакот, а јас им одговорив вие бевте во моето срце и уште сте во моето срце“. Не можев да ги оставам само на тоа па продолжив да објаснувам “ Постои една жена која многу ја сакам, а таа многу ми помогна да вас ве донесеме на овој свет. Ми го позајми својот стомак за да дојдете вие на свет, а кога се родивте таа вас ве даде во рака, рекол Рики Мартин.

30.09.2014 - 16:25

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега