Времен сообраќаен режим утре на „Јордан Мијалков“

Град Скопје ги известува учесниците во сообраќајот, дека утре, поради изведување на градежни активности- попречни прекопи за поставување подземна инсталација на улицата „Јордан Мијалков, во период од 9 до 16 часот, сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставениот режим.

 

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

 

 

             

30.09.2014 - 19:00

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега