Летаат казни за непослушните возачи - што се случувало на скопските улици?

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои четири се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден пешак, двајца велосипедисти и еден мотоциклист.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 20 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, осум пешаци поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.Санкционирани се и четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, 20 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

01.10.2014 - 09:23

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега