Хорор: Тројца малолетници од Македонија силувале девојче во Италија

 

Тројца македонски државјани се обвинети дека силувале малолетна Италијанка која затруднела по чинот, па абортирала, јавуваат италијанските медиуми. Судот за малолетници во градот Лаквила, во централна Италија, деновиве поднесе обвинение против тројцата нашинци, кои се товарат за сексуално насилство, објави Дневник.

Со оглед на фактот дека станува збор за малолетници, судските и истражните органи не го откриваат идентитетот на македонските државјани ниту, пак, од кое место од Македонија тие потекнуваат. Само се наведува дека се државјани на Македонија.

Според медиумите, сексуалното насилство се случило пред три години во близина на подземна автобуска станица во Лаквила.

Кобната вечер момчињата ја пресретнале девојката и еден од нив сосила ја однел покрај контејнерите во близина и ја силувал. Другите двајца обвинети не ја силувале, но и тие се обвинети за сексуално насилство бидејќи му помогнале на силувачот и не го спречиле во насилството.

01.10.2014 - 11:41

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега