Фејсбук под закана од нова социјална мрежа
Нова социјана мрежа му се заканува на Фејсбук, бидејќи ќе биде без рекламен простор.
Ello.co е нов сајт, за кој многумина веруваат дека претставува реална закана за Facebook. Социјалната мрежа се уште е во фаза на тестирање иако била лансирана пред 6 недели.
Меѓутоа, сите зборуваат за неа, бидејќи Ello е со ограничен пристап. Единствено корисниците со покани може да имаат корист од можностите кои ги нуди сајтот.
Според многу извори над 31 000 луѓе се пренасочуваат кон Ello секој час.
Според корисниците, кои веќе се регистрирани во новата социјална мрежа, сајтот е многу удобен и лесен за употреба.
Недостаток на реклами е главната предност на Ello. Сајтот исто така е насочен главно кон младите.
Ello се уште не функционира непречено. Минатата недела сајтот дури бил нападнат од хакери, како резултат на што пристапот до него бил блокиран 45 минути.
-Ние веруваме дека има подобар начин. Веруваме во едноставноста, убавината и транспарентноста. Веруваме дека луѓето кои создаваат нешта, и оние кои ги користат, треба да се партнери. Социјалната мрежа е средство за сврзување и создавање на приказни, а не инструмент за измами, принудувања и манипулација, велат креаторите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа