Летале пијани и поминувале на црвено - хаос на скопските улици

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои шест се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак, еден велосипедисти и еден возач на мопед.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се шест пешаци кои поминале на црвено светло на семафорот за пешаци, седум возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 10 возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

02.10.2014 - 09:22

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега