Тајната разоткриена- еве зошто Бред Пит не беше на свадбата кај Клуни

Изминативе денови главна тема е прашањето зошто Бред Пит не беше на свадбата на својот одличен пријател, Џорџ Клуни? На гостите на венчавката на овој заводник со Амал Аламудин, тој детаљ не можеше да им помине незабележен.

Иако се уште не се знае вистинката причина, Холивуд веќе почна да "шушка".

Њујоркс Пост тврди дека до вчера добрите пријатели се искарале затоа што Клуни не бил расположен во својата вила на езерото Комо да го угости многубројното семејство Пит - Џоли

Добро информиран извор тврди дека Клуни веќе имал непријатно искуство со децата на Бред и Анџелина. Тие наводно веќе еднаш му ја демолирале вилата на езеро, и од тогаш Пит и Клуни не разговараат. Воедно тоа е и причината што Бред со Енџи не беа меѓу поканетите на свадбата.

02.10.2014 - 13:01

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега