Богата програма за многу забава - јубилејно 10 издание на Бела Ноќ

На јубилејното десетто издание на манифестацијата БЕЛА НОЌ, ќе се претстават бројни уметници од повеќе земји. Граѓаните ќе имаат можност да одберат од мноштвото настани низ целиот град. Богатата програма нуди настани од сите видови уметност, а влезот за истите, како и секоја година, е бесплатен.
Главниот настан оваа година ќе се одвива на Плоштад Пела – Порта Македонија, каде што со почеток од 21 часот, ќе настапат фантастичните PERPETUUM JAZZILE од Словенија. Хорот, на импресивен начин, изведува познати песни од светски изведувачи, на повеќе јазици, меѓу кои и македонскиот.
https://www.youtube.com/watch?v=EZX4v9UW5l0

Покрај овој настан, од музичката програма, разместена на десет сцени низ градот, на платото пред МКЦ, со почеток од 22:00 часот, ќе настапат Artan Lili (Срб), Silly Boy (ГР), Foolish Green (МКД).
На плоштадот Карпошово востание, со почеток од 20:00 часот, џез-настап на  Тони Китановски Big band, Muhamed Ibrahimi, The Jazzobell Quintet, Иван Иванов, Sofia Jazz Formation (БГ).
Во Летен клуб Хавана, од 21:00 часот настапуваат Steel Temlple, Chromatic Point, Serpentine Fire; Градска плажа, клуб Кастро, 18:00 часот: Proces (Срб), Selector Lazy Face (БГ), DJ Rek (ГР), Geto Rudi, Charlie, Jam Sistazz; Градски парк, Школка, 21:30 часот: Propo’88 & BlabberMouf (Хол), Bvana (Срб), Дивизија, Џака Накот (DJ set); Спомен Куќа на Мајка Терезa, 20:00 часот: Женски Младински Хор, Про Арс – диригент Сашо Татарчевски; клуб Менада, 22:00 часот: DJ Lale (Срб), Мирко Попов.

Во текот на БЕЛА НОЌ, публиката може да посети и бројни изложби и уметнички инсталации на неколку локации: Национална галерија - Даут Пашин Амам, Културно информативен центар - изложбен салон Империјал 1, Младински културен центар - Галерија МКЦ, Дом на културата „ Кочо Рацин„ - Голем салон, Музеј на град Скопје, Музеј на современата уметност, Галерија 3М, Галерија Арте, Галерија Грал, Галерија 8, улица Македонија, горно фоаје на кино Фросина МКЦ, Универзална сала, Градски парк, Плато пред Дом на АРМ, Плато пред хотел Stone Bridge...
Во киното Милениум, во ГТЦ, со почеток од 11:00 часот ќе започне бесплатен 24-часовен филмски маратон.
Попладневно матине во Зоолошката градина.

*Бесплатен транспорт со линиите 8 и 15А на ЈСП од 12:00 до 16:00
*Бесплатен транспорт со автобусите на ЈСП од 19:00, на сите линии кон          центарот на Скопје

02.10.2014 - 14:32

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега