Хуманитарна помош за децата без родители во Кичево

Во просторите на хуманитарната организација „Класје на добрината“ во Кичево денеска беше подделена хуманитарна помош на децата без родители, како и на децата кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Преседателот на огранокот на хуманитарната организација „Класје на добрината“, Ќамил Рушити истакна дека овој пат помош ќе доделат не само за сирачињата кои обично со парични срества ги помагаат секој месец, туку и на децата кои потекнуваат од социјално загрозени семејсва. - Освен парични средства денеска ќе поделиме и прехрамбени продукти со кои сметаме дека колку-толку ќе им помогнеме за престојниот верски празник Курбан бајрам, рече Рушити.

02.10.2014 - 16:39

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега