ВИДЕО: Не е лесно да се биде мајка- ова ќе ве натера да размислите

Писателката и мајка Јохана Стеин одличила на забавен начин на светот да му покаже што се една мајка секојдневно истрпува. Таа се снимала себеси и сите навреди кои во текот на едно претпладне и ги упатува нејзината четиригодишна ќерка.

За добро утро и го упати следново прашање "Мамо, ќе направиш ли денеска нешто за да изгледаш поубаво или ќе изгледаш како и секогаш?"

Незгодните коментари не изостануваат ни во текот на пиењето на кафето, а Јохана нема мир ни во тоалетот.

"Имаш многу влакна на лицето. Дали се тоа мустаќи или брада?", ја праша девојчето.

Следуваа уште поневеројатни прашања.

"Може ли да го добијам твојот ајПад кога ќе умреш?", "Кој е постар - баба, дедо или ти?", "Се истушира ли денеска?" "Ми се чини дека не ти успеа?"...

03.10.2014 - 12:55

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега